Гостивар
Висока температура, кашлање, болно грло…Гостивар преплавен со заразени од грип

Амбулантите во Гостивар се полни со пациенти кои имаат симптоми на грип и вирози. Најчесто се жалат на покачена температура, болно грло, кашлање, малаксаност… Медицинските лица велат дека во овој период од годината вообичаено владеат вируси на грип, вирози кои доведуваат до респираторни инфекции на горните дишни патишта. Советуваат дека на треба да се земаат антибиоици на своја рака, затоа што на тој начин се прави злоупотреба и може да се јави резистенција на антибиотици. Препорачуваат многу течности, мирување, витаминска исхрана и следење на состојбата.
Според статистиките на Институтот за јавно здравје, во сезоната 2022/2023 вкупниот број на случаи на грип во земјава изнесува 1.751. Заболените се пријавени од дваесет и една подрачна единица на Центрите за јавно здравје. Најголем број на заболени лица, вкупно 245, се пријавени од Гостивар.
Во првата недела од новата година во земјава пријавени се вкупно 821 заразен од деветнаесет ЦЈЗ/ПЕ, во Битола – 174, Скопје – 105, Кавадарци – 94, Дебар – 76 и Гостивар – 65, а во останатите, бројот на пријавени е помал.
Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се три починати лица асоцирани со грип, две лица од Скопје и едно лице од Штип. Две лица се од возрасната група од 15-64 години, а едно лице на возраст над 65 години, со регистрирани коморбидитети, хоспитализирани и невакцинирани со вакцина против сезонски грип.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 3 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 2 месеци
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение