Со стартот на грејната сезона се зголеми загаденоста на воздухот во Гостивар. Мерните станици, оосбено навечер покажуваат високи вредности на штетни ПМ 10 честички. Во неделниот извештај што го објави Министерството за животна средина, за периодот од 23 до 29 ноември, е наведено дека во Гостивар бил надминат прагот на информирање за РМ10 -2 последователни дена со среднодневни концентрации над 100 микрограми на метар кубен. Истото е регистрирано и во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош и Лисиче, Кавадарци, Кичево, Куманово, Тетово и Велес 2. Во ваков случај, Министерството за животна средина ги дава следните препораки:
Да се користи јавниот превоз
Возила да не се користат без поголема потреба
Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време
Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал
Правилно да се користат печките за дрва
Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РМ ги даваат следните препораки:
Ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.
Прагот на алармирање за РМ10 (2 последователни дена со среднодневни концентрации над 175 микрограми на метар кубен) пак бил надминат на мерните места Кавадарци, Куманово и Тетово.
error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!
Оваа страница користи колачиња (cookies), за да осигураме дека ви го даваме најдоброто пребарувачко искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме и управуваме со колачињата, можете да прочитате на Политика за колачиња.OK