Поврзи се со нас

Македонија

Влада: Неодговорно е што СОНК го продолжува штрајкот

Објавено

на

Владата вечерва порача дека е неодговорно и покрај понуденото решение за раст на платите во образованието и детската заштита и воспитание да се продолжи со штрајкот и да се руши веќе воспоставениот образовен процес во услови кога се соочуваме со економска и здравствена криза. Откако Самостојниот синдикат на вработените во обарзование, науката и културата (СОНК) попладнево објави дека продолжува со штрајкот од Владата оценија дека одбиената понуда за 2500 денари покачување на платата значи дека СОНК ги става личните интереси пред оние на децата. Со продолжувањето на штрајкот и одбивањето на понудата на Владата, со која се отвора простор за трајно решавање и подобрување на стандардот на вработените во образованите, според владиниот кабинет, ризикот за продолжување на училишната година е особено извесен.

Владината прес-служба во соопштение пренесе дека Владата во преговорите со СОНК понудила зголемување за 10 проценти на платите кои ќе се обезбедат со ребалансот на Буџетот, што би значело  дека наставниците и воспитувачите би добиле просечно зголемување за 2.500 денари на нивните месечни примања. Воедно, појаснија, и методологијата со која Владата ќе обезбеди континуиран раст на платите, ќе обезбеди трајно решавање на социјалниот статус на вработените во образование.

Синдикатот треба да има верба во институциите, бидејќи и претходно низ партнерски дијалог беше постигнато зголемување на платите на наставниците и на вработените во градинките од 21  процент. Со ова зголемување платата на наставник/чка во основно образование е порасната за над 3.200 денари плус минат труд и сега е најмалку 24.786 денари. На наставник/чка во средно образование зголемувањето е над 4.300 денари плус минат труд и просечно платата е 25.874 денари. На воспитувачите пак во градинките платата им е зголемена за околу 6.400 денари плус минат труд, додека на негователите за околу 5.000 денари, наведуваат од Владата.

Дополнително што сметаат дека е исклучително важно кога се зборува за подобрување на статусот на вработените во образованието, според воспоставената пракса од оваа Влада, наведуваат во периодот од 2018 година до 13 април годинава на неопределено време се вработени вкупно 2.375 лица, што е половина од вкупната бројка вработени во градинките која се движи околу 4.600. Меѓу нив има работни места кои се трансформирани од определено на неопределено, но и отворени се нови вработувања. Дополнително во истиот период се обезбедени 416 согласности за унапредување на кадарот.

-Владата смета дека е неодговорно и покрај понуденото решение за раст на платите во образованието и детската заштита и воспитание да се продолжи со штрајкот и да се руши веќе воспоставениот образовен процес во услови кога се соочуваме со економска и здравствена криза. Најдобриот интерес на децата треба да ни е на прво место, бидејќи правото на образование на секое дете е уставно загрантирано право. Учениците треба да се вратат во училиштата, таму каде што припаѓаат. Со продолжувањето на штрајкот и одбивањето на понудата на Владата со која се отвора простор за трајно решавање и подобрување на стандардот на вработените во образованите, ризикот за продолжување на училишната година е особено извесен. Во овој контекст, несериозно е да се ставаат во ризик и да им се прави штета во личниот развој на децата кои треба да го продолжат образованието, да се запишат во средните училишта, да полагаат матура и да се запишат на факултетите во земјава и странство, стои во соопштението.

Од Владата истакнуваат дека согласно Законот за работни односи и Колективниот договор за основно и средно образование, и за вработените во јавните установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, на вработените кои штрајкуваат ќе им се исплатат само придонесите на платите. Ова, прецизираат, произлегува од одлуката на СОНК да организира и одржува генерален штрајк за унапредување на правата на работниците, а во периодот од шест месеци од донесувањето односно зголемувањето на минималната плата. Законската обврска за усогласувањето е шест месеци од донесувањето, односно зголемувањето на минималната плата и Владата, а министерствата и СОНК сѐ уште преговараат во овој законски предвиден рок.

-Децата и учениците треба да ни се на прво место, затоа нарушувањето на образовниот процес е спротивно на правата загарантирани со Уставот и Законите. Местото на учениците е во училиштата и настава мора да има, истакнуваат од Владата.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Спортпред 5 часа

Шампионот се сопна во „Младост“ КК Гостивар – МЗТ Скопје 60:55

Деца Родителипред 6 часа

Зошто критичкото размислување е најважната вештина за вашето дете?

Македонијапред 9 часа

Децата од мали нозе да се учат за безбедноста во сообраќајот! Семејството е фактор на превенција

Гостиварпред 10 часа

До училиштата стигнале над 240 лажни дојави за бомби, се истражува кој и зошто ги пратил

Македонијапред 11 часа

Регулаторна: ЕВН Хоме да ги коригира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови

Македонијапред 12 часа

Јаневска: Вработените во училиштата да комуницираат исклучиво преку службените е-адреси креирани од МОН

Спортпред 12 часа

Во евролигашки термин КК Гостивар денес ќе го пречека шампионот МЗТ Скопје

Гостиварпред 13 часа

Општина Гостивар: Дојавите за бомби се лажни, училиштата се безбедни

Гостиварпред 15 часа

Дојави за бомби и во училишта во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 4 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 1 недела

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена