Поврзи се со нас

Македонија

Владата ќе го разгледа предлогот на Пендаровски за пролонгирање на рокот за замена на документи

Објавено

на

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека ќе се консултира со двајцата министри со кои разговарал претседателот на државата Стево Пендаровски во врска со предлогот да се пролонгира рокот за замена на лични документи кој, согласно Преспанскиот договор, истекува на 12 февруари.

Поради големиот притисок да се стигне рокот и метежите пред пунктовите на МВР, каде што луѓе чекаат со часови во редици, шефот на државата вчера во гостување во ТВ Сител рече дека на двајца министри им предложил со брза интервенција во законите за лични карти и за патни исправи, рокот да може да се одложи до септември-октомври и за тоа да биде известена Грција со образложение дека, како што рече, „немаме намера да бегаме од обврските од Преспанскиот договор“.

-Зошто да не. Ќе се консултирам со двајцата министри со кои разговарал претседателот. Сите предлози кои може да унапредат нешто за мене се добри. Верувам дека и претседателот може да се чуе со претседателката на Грција бидејќи, сепак, и тоа е нивото на кое може да се комуницира. Ќе поразговараме на седница на Влада во однос на можноста ова да се направи, изјави Ковачевски денеска одговарајќи на новинарски прашања при отворање поликлиника во Сарај.

За претседателот Пендаровски рече дека имал „повеќе детали  и најдобро знае како тоа би можело да се реши на меѓународно ниво со Грција“ бидејќи бил вклучен во подготовката на Преспанскиот договор и при зачленувањето во НАТО бил координатор за НАТО.

Во однос на рокот за промена на личните документи на македонските граѓани премиерот рече дека не е наметнато од Владата туку е обврска произлезена од потпишан меѓународен договор кој, како што рече, овозможил да станеме земја членка на НАТО.

-Таа обврска е наведена во закон. Така што не може да кажете дека Владата нешто направила  бидејќи, сепак, се работи за законски решенија за уставни измени кои се правени во Собранието и кои на сите ни се добро познати во текот на изминатите години. Она што Владата може да го направи е да го олесни тој процес. МВР отвори поголем број пунктови и определи поголем број вработени кои ќе работат, но очигледно дека тоа ќе треба да се зголеми уште повеќе. Еве, и со предлогот на претседателот Пендаровски да видиме дали може да бидат направени тие законски измени. Да направите законски измени без согласност на сите што се потпишани, а се работи за меѓународни документи, не би било така едноставно и прашање е колку би било применливо. Сепак, ќе пробаме сѐ, рече претседателот на Владата.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 3 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 3 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 3 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 2 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Невеста и зет на Галичка свадба 2024 се Стефана Димитрова и Даријан Кочоски

Гостиварпред 2 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Вестипред 4 недели

Ефикасна смеса за чистење ‘рѓа од две состојки кои ги имаме дома

Македонијапред 4 недели

Се намалува цената на горивата од полноќ

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 6 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена