Македонија
Владата подготвува нов Закон за заштита од пушење

Владата подготвува комплетно нов закон за пушење. Пушењето ќе се дозволи секаде, освен во локалите каде се служи храна. Сепак, дали ќе се пуши во кафулињата ќе одлучат самите угостители. Тие ќе имаат право да изберат дали сакаат во нивниот локал да се пуши и за тоа да платат лиценца или ќе останат на сегашното решение, пушењето и понатаму да биде забрането кај нив.
Владата најавува закон по европски терк.
„Комплетна либерализација и право на избор пред се на угостителските објекти каде не се служи храна да имаат право да изберат, ако сакаат да биде дозволиво за пушење тие да имаат право со лиценца тоа да биде нивен избор, ако имаат право да бидат за непушачи тоа да биде нивен избор. Апсолутно тоа не се однеува таму каде што се служи храна. Работат стручни луѓе, сакаме меѓународна пракса“, вели Зоран Заев – претседател на Влада
Пред да се донесе новото решение Заев најавува јавни дебати за да се слушне мислењето на пошироката експертска фела. Можно е новиот закон да биде донесен до крајот на годината, зашто зимата е најголем проблем и за пушачите и за угостителите.
Минатата недела Владата не даде мислење за законот за пушење што го предложија група пратениците од СДСМ. За овој закон ќе се расправа после локалните избори. Со него се предвидува пушењето да биде дозволено на терасите и летните бавчи и во зимски услови, кога ќе бидат затворени со најлони. Во ноември собраниската комисија за здравство ќе ја повика експертската јавност да даде мислење дали треба да се тргне забраната за пушење на тераси.
Сега во бавчите на кафулињата и рестораните е дозволено пушење само кога објектот нема кров или е отворен од најмалку три страни.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!