Поврзи се со нас

Македонија

Владиниот Мерцедес на аукција – почетна цена 233.695 евра

Објавено

на

Од денеска, па во наредните десет дена, сите заинтересирани домашни и странски правни и физички лица  можат да поднесат пријава до Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) за учество на јавното наддавање за  блиндираниот „Мерцедес-Бенз С 600“.

Почетната цена на наддавањето изнесува 14.372.208 денари и е одредена врз основа на направената проценка од стрна на Министерството за правда и Бирото за судски вештачења.

– Заинтересираните лица ќе можат да го разгледаат возилото на 7 март во периодот  од 10 до 15 часот на адресата  Бул. „Гоце Делчев“ бб во гаражата на објектот на МРТВ. По истекот на рокот за доставување на понуди на 12 март Комисијата ќе има рок од три дена за евалуација на понудите, а јавното наддавање ќе се изврши на 16 март во 10 часот по пат на електронска аукција на интернет страницата на  Министерството за финасии. Понудувачот кој ќе достави најповолна понуда во рок од  15 дена од добивањето на известувањето за избор ќе треба да ја уплати сумата преку сметка во банка во Македонија по што ќе се склучи договор за купопродажба во рок од пет работни денови  по извршената уплата. Доколку купувачот не ја плати целосната сума договорот нема да се случи, а банкарската гаранција ќе биде активирана, прецизира директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена