Поврзи се со нас

ИЗБОРИ 2024

ВМРО-ДПМНЕ и „ВРЕДИ“ ја прифаќаат фрлената ракавица од ДУИ

Објавено

на

По денешната изјава на министерот Крешник Бектеши од ДУИ, кој и порача на опозицијата дека им фрла ракавица, хипотетички предлагајќи им ако сакаат тоа би го направиле и со договор – кој ќе загуби на изборите да се повлече од политиката, од опозициските „ВРЕДИ“ и ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека прифаќаат.

„ВРЕДИ“ преку соопштение веднаш порачаа раководството на ДУИ да избере нотар и тајминг каде ќе се потпишат изјавите:

„На 24 април и 8 мај Албанскиот народ ќе се потпише на потврдата за политичка пензија на Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби и нивните соработници. Ваквите блеферски обиди на исплашеното раководство на ДУИ да го сокријат стравот од промените кои ќе се случат, не поминуваат никаде, бидејќи ништо повеќе не зависи од нив.

Меѓутоа, ВРЕДИ нема да дозволи ни најмал простор за сеење магла. Ги повикуваме Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби да изберат нотар и тајминг каде ќе се потпишеме на изјави дека кој изгуби нема право да се занимава никогаш повеќе со политика“, се вели во соопштението.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, при неговата посета на Прилеп, на новинарско прашање за изјавата на Бектеши рече: „Одлично, ВМРО-ДПМНЕ прифаќа“!

Тој рече дека изјавата на Бектеши отвора дилеми:

„Дали тоа значи дека Крешник на Али Ахмети му подготвува свилен гајтан. А можеби Бектеши е кандидат за лидер на ДУИ, имајќи предвид дека ДУИ ќе ги загуби изборите и дека нема да биде во состав на новата влада. Добро е, секако, да се знае дека Бектеши има лидерски амбиции. Ако е така, тогаш раководството на ДУИ ќе остане таму откаде што е Бектеши, во Кичево“, рече Николоски.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена