Поврзи се со нас

Гостивар

Во библиотеката во Гостивар денес попуст на членарина и подарок книга

Објавено

на

Градската библиотека при Центарот за култура АСНОМ во Гостивар реши да ги почести љубителите на литературата со подарок и попуст на членарината. Од таму информираат дека за секој заинтересиран читател кој ќе ги посети денес (24 април) обезбедуваат 50% пониска годишна членарина и една книга како подарок. Повод за ваквата акција на библиотеката е Светскиот ден на книгата кој се одбележува секоја година на 23 април.

Гостиварската библиотека датира од 1953 година, а била  основана под името Градска библиотека „Вук Караџиќ“. Установата неколкупати ја менувала локацијата. Така, најпрво била сместена во центарот на градот близу некогашното мало пазарче, а во 90-тите години била преместена во Центарот за култура, во задниот дел на објектот. Пред неколку години, библиотеката е префрлена во простории на вториот кат во Центарот, каде функционира и денес.

Библиотеката работела како самостојна установа до 2004-та година, кога станува дел од Националната Установа Центар за Култура „АСНОМ“ – Гостивар, под надлежност на Министерство за култура.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена