Гостивар
Во црквата „Свети Ахилиј Лариски“ во Требиште почнаа конзерваторски работи

Во долнореканското село Требиште, општина Маврово и Ростуше, почнаа конзеравторските работи на црквата „Свети Ахилиј Лариски“, метох на познатиот Бигорски манастир, од каде наведуваат дека ова е единствениот храм на територијата на Македонија посветен на овој светител.
-Со благослов на нашиот старец, епископ Антаниски г. Партениј, деновиве околу храмот на Светиот отец наш Ахилиј Лариски во село Требиште, метох на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“, започнаа конзерваторските активности за запазување на овој бесценет споменик на духовноста и културата на нашите предци“, информираа од Бигорски.
Од таму додаваат дека најнапред било пристапено кон изработка на дренажен канал и санирање на оштетениот покрив. Во првата фаза од конзервацијата издигната е времена покривна конструкција, со цел да се спречи понатамошното оштетување на споменикот од врнежите и влагата, сѐ до конечното реставрирање, според традиционалниот изглед и методи.
По повеќегодишно настојување и заложби на г. Партениј, проектот за тековните дејствија беше поддржан од Министерството за култура и е влезен во годишната национална програма. Сепак, во однос на конкретната помош, станува збор за минимални средства, додека најголемиот дел паѓа на грбот на Бигорскиот манастир, кој се обидува преку донации да ги обезбеди основните средства. Инаку, храмот е споменик на културата заштитен со закон уште од поодамна. Во последните години е направена ревалоризација на објектот и добиени се заштитно-конзерваторски услови поради значителната оштетеност, особено на покривот.
Проектот за санација на црквата е влезен во Управата за заштита на културното наследство, а во консултација со Националниот конзерваторски центар. Изработен е од страна на архитектот Ѓурѓица Лековска.
Црквата во село Требиште почнала да се оформува околу 1820 година, кога игуменот на Бигорски, архимандрит Арсениј, купува неколку ниви и други имоти во селото.
Подоцна, во 1835 година, на земјата од метохот во Требиште се градат помали објекти за економски потреби на манастирот, а во 1840 година, е изградена и црквата посветена на Свети Ахилиј, Епископ на градот Лариса и еден од 318 црковни отци – учесници на Првиот вселенски собор во Никеја, 325 година. Култот на овој угледен црковен архијереј од првите векови на христијанството добива ново жариште во Преспа, откако во 986 година, царот Самуил ги пренесува неговите чесни мошти од Лариса на островот Ахил.
За градењето на црквата заслужни се јерејот Василиј и селаните од Требиште. Името на игуменот Арсениј не е наведено во ктиторскиот натпис, кој говори за градењето на црквата, бидејќи тој во 1839 година се упокојува, но нема сомнение дека иницијативата била негова.
-Особено убав е живописот во Храмот, кој е дело на легендарниот Дичо Зограф. Тој е завршен во месец јуни 1850 година, како што е забележано во ктиторскиот натпис на западниот ѕид од наосот, во времето на патријаршискиот Дебарски епископ Мелетиј и на Игуменот на Бигорскиот манастирот, Јоаникиј. Како ктитори на фреските се запишани Јован Велјаноски, кој го платил сликањето на куполата до Евангелистите, а јеромонахот Теодосиј и свештенослужителот Аврам го платиле сликањето на фреските во поткуполните делови и најниската зона на наосот, посочуваат од Бигорски.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог