Македонија
Во февруари уништени 8.500 килограми небезбедна храна од животинско потекло
Минатиот месец, уништени се вкупно 8.507 килограми небезбедна храна од животинско потекло, од кои официјалните ветеринари со контролите уништиле 1.419 килограми, а самите оператори како небезбедни поништиле 7.088 килограми, соопшти Агенција за храна и ветеринарство. Инспекциските служби во февруари годинава спровеле вкупно 4.997 контроли, од кои 3.537 редовни, 452 контролни и 1.008 вонредни. За констатираните недоследности со контролите издадени биле 364 решенија за нивно отстранување, изречени се 156 мерки едукација на операторите и поднесени се осум прекршочни пријави.
За извоз на храна од животинско потекло официјалните ветеринари издале 231 сертификат, а инспекторите за храна издале 338 сертификати за извоз на храна од неживотинско потекло.
Од страна на официјалните ветеринари на граничните премини, не била вратена ниту една пратка.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар