Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар активности за поголема доверба меѓу полицијата и граѓаните

Објавено

на

Во рамките на кампањата за јакнење на довербата помеѓу полицијата и заедницата денеска (01.04.2023) на градскиот плоштад во Гостивар беше организирана превентивно-информативна активност. На граѓаните им се делеа наменски изработени летоци, a низ непосредни разговори со нив тие поблиску беа информирани за принципите на полициското работење како круцијално значајно за воспоставување на ефикасен двонасочен партнерски однос фундиран на доверба и навремено детектирање и справување со криминалот во заедницата, а во функција на поголема безбедност и поквалитетен живот на граѓаните, наведе портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Граѓаните во Гостивар, исто така, се информираа и за главните цели на полициското работење, за практичните активности реализирани во заедницата, иницирани и координирани со локалните совети за превенција и советодавните групи на граѓани, како и за бројните услуги што им ги нуди МВР, како нивен сервис. Од полицијата напоменуваат дека како резултат на зголемената соработка со граѓаните последните години на подрачјето на СВР Тетово е намален криминалитетот, особено делата од сериозен тип.

Вакви активности минатиот викенд беа организирани и во Тетово, кога всушност и стартуваше кампањата во осумте Сектори за внатрешни работи во нашата земја.

Носители на кампањата се МВР, Македонскиот полициски синдикат и СВР Тетово.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена