Гостивар
Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Во четврток (16 ноември) на градскиот плоштад во Гостивар ќе се одбележи посебен настан, 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои и борци за слободна Македонија, Чеде Филиповски – Даме.
Во програмата на одбележување на јубилејот која ќе започне во 11 часот, предвиден е културно-уметнички дел, положување свежо цвеќе пред споменикот на Чеде Филиповски Даме во Гостивар, како и присуство и обраќање на министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, претставници на ОО на Сојуз на борци Гостивар, Oпштина Гостивар и внуката на Чеде, Мира Филиповска Бојковскa. Присутните ќе имаат можност да се потсетат на животот и делото на овој бестрашен борец во четири-годишната борба против окупаторот и домашните предавници, прикажан ќе биде и краток документарен филм „Народен херој Чеде“, по што ќе следи настап на женското трио „Шербет“ и ГАКУД „Браќа Ѓиноски“.
За големиот народен херој, писателот Владо Малевски ќе запише:
„Чеде го родија Митра и Русе Филиповски, а Даме го роди Револуцијата во окупирана Македонија“
и ќе додаде:
„Дамета го роди Мавровското поднебје. Го родија тагите и солзите печалбарски, го роди гордоста на правдољубивоста на планините, го роди гневот на генерациите против постојната сиромаштија, робувањето и експлоатацијата.“
За „Даме“..
Чеде Филиповски е роден во 1923 година во село Ниќифорово. Детството и основното училиште го завршува во родното село. Веднаш потоа, по традицијата на сите свои соселани, на 14 годишна возраст оди на печалба во Белград, бил голем вљубеник и во скијањето. По нападот на германската фашистичка авијација на Белград, Чеде се враќа во својот роден крај, каде веднаш се приклучува во подготовките за ослободување на земјата и е еден од организаторите на НОВ во Мавровско-гостиварскиот крај. Тогаш, по славниот илинденец Даме Груев започнува да го користи партизанското име – Даме. Бригадата на чие чело стоел и Даме редела победи во Грција, Албанија, во Македонија, Богомила, Кичево, Дебар, Кленоец, Пресека, Дебарца, Локов, Брждани, Буковик, Вруток, планина Голак и Стогово, повторното ослободување на Кичево и Дебар завршувајќи го својот победоносен сон со ослободувањето на својот крај – Гостивар. Член бил на КПЈ и на МК на КПЈ (1941), член на РК на КПЈ за Маврово и раководител на Воениот штаб (1942), Секретар на Околискиот комитет на КПМ (1943), заменик политички комесар во Мавровско-гостиварскиот НОПО, командант на баталјон и заменик-командант на бригада (1943), заменик-командант и командант на 48. (македонска) дивизија на НОВЈ (1944). Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ, како претставник од гостиварскиот крај. На истото заседание на списокот со народни претставници на АСНОМ за членови на АВНОЈ под реден број 3 бил избран и Чеде Филиповски (работник од Гостивар). Станал потпретседател на Главниот одбор на НОМС и член на Централниот одбор на УСАОЈ. По Ослободувањето завршил виша воена академија во Белград.
Загинува на 22 години кај Радовиш на 26 јуни 1945 година во сообраќајна несреќа, при судар на неговиот мотоцикл со автомобил возејќи од Штип за Струмица. За народен херој прогласен е на Илинден 1949 година.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила