Гостивар
Во Гостивар масовно чествување на Преображение-Манастирот во Циглана свет дом на илјадници верници

Големиот христијански празник Преображение Христово за православните верници во Гостивар има значаен белег како почитување на православието, поклонувањето пред Бога, негување на црковните традици и обичаи.
Срцето на прославата на празникот традиционално е манастирот во изградба „Свето Преображение Христово“ во населбата Циглана. Така беше и годинава, овој храм собра илјадници верници со една иста мисла и молитва за здравје, мир и спасение.
Утрово во манастирот чинот на благословување на кумските лебови и грозјето го изврши Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф, кој во својата беседа меѓу другото истакна:
„Оние коишто сте кумови оваа година, Господ нека ви подари милост, благодат, мир во вашите семејства. Чест и радост ми е што сум овде денеска со вас во Циглана. Секогаш кога доаѓам овде гледам дека изградбата на манастирот напредува, се доградува и се‘ е тоа во славата Божја, тоа значи дека вие си ја сакате верата, црквата. Што побрзо на ова место да имаме света литургија. Како што и Самиот Спасител Кој се вочовечи и воплоти, кога на Крштението Светиот Дух се јави врз Него и самиот Отец зборуваше: „Овој е Мојот возљубен Син” , така и на другите празници како што е денешниот, ние, гледајќи го чудото Божјо се ослободуваме од овоземните маки и незгоди и од сите болести и страданија, како духовни, така и телесни. Така, да се преобразува целиот наш живот по образот Божји, по образот на Синот Божји, по образот на Царството Божјо. Во тоа е и смислата на христијанството. Ако ние опстоиме и не се плашиме од никого и ништо, од никакви сили, ниту видливи, ниту невидливи, бидејќи силата на Преображенската слава Божја се пројавува во немоќта, преку Преображението. Така и ние, кои денес сме собрани во овој манастир овде во населбата Циглана да измолиме милост Божја, за да ги преобрази нашите срца и души. Па така, да го засакаме Господа Христа и неговата спасоносна наука, за спасение на нашите души, сега и во сета вечност.“
Преображение е ден на духовна исполнетост за сите верници од Гостивар, а особено полн со емоции и божји мир за луѓето кои се дел од Иницијативниот одбор за изградба на манастирот.
„Чувството што го доживувам овде е неописливо со зборови, тоа е нешто од Господа. Неизмерно ме радува што секоја година на празникот доаѓа се‘ повеќе и повеќе народ, задоволство е да се види дека на едно место има толку исполнети души со вера и заедништво. Тоа, како Иницијативен одбор го сметаме како исполнување на мисијата, резултатот се гледа. Би го честитал празникот и на сите би им посакал да бидеме сплотени, да бидеме сите заедно како Македонци“, ни изјави Небојша Златевски, кој е дел од Иницијативниот одбор од самиот почеток.
По литургијата, осветувањето на грозјето и пресекувањето на славските колачи од кумовите, прославата денес продолжи во дворот на манастирот со народен собир.
Во предвечерието на празникот, вчеравечер беше организирана музичка вечер со Наум Петрески, Зуица Лазова, Влатко Лозаноски и Фантастик бенд која беше масовно посетена од гостиварци.
Пристапот до манастирот во Циглана отсега е полесен и побезбеден, откако деновиве целосно беше асфалтиран патот што води до храмот.
Во чест на празникот Преображение, утрово Митрополитото г.Јосиф богослужеше света Литургија во храмот „Пресвета Богородица“ во Гостивар, на која верниот народ се причести со светите тајни.
Преображение Христово е празник востановен во спомен на собитието на Тавор, кое се случило четириесет дена пред Христовата смрт и распетие. Кога Господ забележал дека апостолите не можат да ги разберат претстојните негови страдања и дека во срцата се исполнуваат со тага, за да не ослабнат во својата вера, ревност и љубов кон него ги извел на Таворската гора, и им се покажал во својата ненадминлива и несоздадена слава.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година