Поврзи се со нас

Вести

Во Гостивар до сега 20-тина пријавени за вадење на крстот – се заокружуваат подготовките за Водици

Објавено

на

 

Годинава во Гостивар по четврти пат од возобновувањето на традицијата ќе се организира чествување на големиот христијански празник Богојавление-Водици со положување на светиот крст во Вардар. Иницијативниот одбор изминатите денови се посвети на дефинирање на деталите за текот на одбележувањето што ќе се случува на 19-ти јануари во Гостивар.

По повод празникот, света литургија ќе биде отслужена во соборната црква „Пресвета Богородица” од каде ќе тргне и литијата во 11.30 часот. Чинот на осветувањето и положувањето на светиот крст во водите на Вардар на пладне се очекува да го изврши, Митрополитот тетовско-гостиварски, господин Јосиф.

Иницијативниот одбор за прослава на Водици ги поканува сите христијански верници да бидат дел од манифестацијата, за да придонесат во зачувување на традицијата и повеличенствено одбележување. Потсетуваат дека се уште трае пријавувањето за вадење на крстот од водите на реката Вардар, и ги повикуваат заинтересираните да се пријават на телефонскиот број ‎078 998 554. До сега се пријавени дваесетина млади гостиварци.

Традицијата на одбележување на Богојавление -Водици во Гостивар беше возобновена во 2015-та година, по речиси седум децении пауза. Крстот до сега се најде во рацете на Дарко Лавдинов (2015), Горан Божиновски (2016) и Павел Давидоски (2017).

Според традициите, во неделата пред празникот жените го правеа обичајот со пуштање на врвката со која се врзува крстот.

 

 

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена