Поврзи се со нас

Култура

Во Гостивар утре ќе искри поезија

Објавено

на

 

На неполн ден пред почетокот на четвриот по ред Меѓународен поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар, пренесуваме како течат подготовките за манифестацијата и  што се` ќе може да види публиката утре на самиот фестивалски ден. Наш соговорник е Слаѓана Брезовска, координатор на фестивалот, кој е во организација на Центарот за култура АСНОМ од Гостивар.  

 

Каква атмосферата владее во организацискиот тим во последните часови пред денот на манифестацијата, дали е се` подготвено за успешно четврто издание на „Литературни искри“?

Слаѓана Брезовска: Сега веќе може да дишеме посмирено и да дадеме гаранција дека утрешниот Меѓународен поетски фестивал во Гостивар ќе помине на високо ниво, ќе донесе многу квалитетни поетски имиња и ќе биде своевиден културен празник за градот. Тимот работеше на подготовките напорно со месеци. Беше објавен конкурс на кој се пријавија над 70 автори од земјава и странство, а потоа жирито имаше многу тешка задача – да ги избере најдобрите и ете така стигнавме до 12-те финалисти кои утре ќе се претстават во Гостивар и практично се влезени во трка за фестивалските награди. Очекуваме убав и возбудлив ден, насмеани лица, впечатливи стихови, едноставно уживање за сите сетила. Штом ние како екипа, кои сме големи перфекционисти, се согласивме дека се` е подготвено за годинешното блеснување на литературните искри, љубителите на поезијата може да бидат сигурни дека ќе проследат настан кој ќе им остане во сеќавање.

 

За поетите најинтересни се наградите…Сепак, вие ги држите во неизвесност до самиот крај.

Слаѓана Брезовска: Сметаме дека самиот влез во финалето и можноста да се претстават на една престижна поетска манифестација за авторите е голем успех. За нас како организатори, сите 12 финалисти се победници и може да кажам дека за наградите одлучуваат нијанси. Пак ќе повторам – одлуката единствено е во рацете на жирито. Поетите се бодуваат под шифри, што значи нема простор за манипулации и тоа што е квалитет си излегува на виделина. Инаку, наградие се состојат од плакети и книги. Кога сме кај книгите, да напоменам дека Фестивалот секоја година печати заедничка збирка, Алманах во кој се застапени авторите кои биле најдобро бодувани од жирито. Алманахот ќе се промовира утре во рамки на настанот.

 

Во пресрет на фестивалот кој е вашата порака до гостиварската публика?

Слаѓана Брезовска:Во оваа прилика ги поканувам сите гостиварци утре да дојдат и да бидат дел од поетско доживување кое е реткост во Македонија. Фестивалот се одржува во Центарот за култура со почеток во 12 часот. Сакам да ги спомнам и водителите на свеченоста, Ѓорѓи Нешкоски и Лидија Новаковска, како и младите музички таленти Емилија Данилоска и Никола Наумовски кои ќе ја разубават атмосферата со песна, а во делот на програмата со нас ќе биде и гостиварката Ане Синадиноска.  Благодарност до вас, gostivarpress.mk што медиумски ја поддржувате целата манифестација како и до сите спонзори кои ни помогнаа.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена