Гостивар
Во Гостивар за 4 месеци пишани скоро 1.400 казни за брзо возење

Во изминатите четири месеци од оваа година на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово изречени се вкупно 4146 мерки за неприлагодена брзина, односно за пречекорување на максимално дозволената брзина. Од нив 1.358 на подрачјето на Гостивар, а останатите на тетовското. Најголемиот број од овие мерки се однесувале на пречекорувањата на брзината на автопатот Гостивар – Тетово – Скопје и магистралниот пат Гостивар-Кичево, а дел од мерките и на околните регионални патишта.
На возачите-прекршители во овој период изготвени им се поднесоци и зависно од големината на пречекорувањето ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид прекршок се движат од 45 до 400 евра. За оние кои позначително ја пречекориле брзината предвидена е и мерка времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.
Секторот за внатрешни работи Тетово со уште едно потсетување на возачите да се придржуваат до сообраќајните знаци за ограничување на пропишаната брзина, посебно на автопатот и магистралата Гостивар-Кичево. Ова, дотолку повеќе што и годинава најчеста причина за досега случените сообраќајни несреќи на поширокото полошко подрачје е токму пребрзото возење.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос