Гостивар
Во јануари во Гостивар пет лица пријавиле повреди од паѓање на тротоари и улици

Обилниот снег и ниските температури кои владееја во текот на јануари на гостиварското подрачје, донесоа ризици за граѓаните кои се движат како пешаци. На подмрзнатите тротоари и улици лесно може да се изгуби рамнотежа и да се заврши со повреда.
Во полицијата месецов на гостиварското подрачје пријавени биле вкупно пет повредувања со паѓање на јавни сообраќајни површини. Според податоците од Секторот за внатрешни работи меѓу повредените, три биле машки, а две женски лица. Четири од повредените лица завршиле со телесни повреди од полесен крактер (набиеници, шинување на зглобови и слично), а едно со потешка повреда, односно скршеница на рака.
Повредените се обратиле за помош во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“, по што биле се пуштени на домашно лекување.
Падот на мраз и снег е поголем ризик за постарите и за хронично болните лица, кои и најчесто страдаат на лизгавите површини. Затоа до нив се апелира да избегнуваат да излегуваат надвор при такви услови, а доколку е неопходно, тогаш да бидат крајно внимателни додека се движат по подмрзнат терен.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?