Култура
Во петок во Гостивар изложба на фотографии и ракотворби од Александар Радически
Во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар, во петок (20 декември) ќе биде отворена изложба на фотографии и ракотворби од гостиварецот Александар Радически. Љубителите на уметноста ќе имаат прилика да погледнат фотографии направени во земјава и други држави, како и украси од дрво и камен и декоративни слики од приодни материјали и камчиња. Сите тие се собрани во изложбен циклус, којшто уметникот го нарекува „Фокус“.
За делата на настанот ќе зборува ликовниот уметник и вајар Ратко Богданоски.
Александар Радически е роден 1986 година во Гостивар. Со фотографија се занимава од тинејџерска возраст и со своите фотографии учествувал на повеќе фестивали и групни изложби низ државата, а „Фокус“ е негова втора самостојна изложба. Последниве години пасија му стануваат и ракотворбите од природни материјали.
Изложбата во петок се реализира со поддршка на Министерството за култура, а ќе биде отворена во 18 часот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди