Гостивар
Во вторник старт на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, посебен сообраќаен режим поради свеченоста

Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува граѓаните дека на 4 април 2023 година (вторник) од 11 часот и 45 минути до 13 часот и 15 минути, на потегот од Стража до тетовски Групчин, ќе се воведе посебен сообраќаен режим, а поради одржување на пригодна свеченост по повод започнувањето на градежните работи на автопатот Тетово-Гостивар. Во овој период целосно ќе биде запрен товарниот сообраќај, при што товарните возила кои ќе бидат затекнати на автопатот ќе се исклучуваат од сообраќај, а ќе бидат отворени сите регионални патни правци на подрачјето кои ќе се користат за таа намена.
Што се однесува до патничкиот сообраќај од Скопје кон Тетово ќе се одвива до клучката Југ и потоа ќе се пренасочува по регионалните патишта, а од Гостивар кон Тетово ќе се одвива до клучката Камењане и ќе се пренасочува по регионалните патишта, информира СВР.
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да ги почитуваат наредбите и насоките од полициските службеници, како и сообраќајната сигнализација која дополнително ќе биде поставена на овој потег.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести