Гостивар
Во прекин на сообраќајот на патот Гостивар-Чегране
Денес, од 09.00 часот поради поставување на канализациона мрежа во с.Чајле, сообраќајот на регионалниот пат Гостивар-с.Чегране ќе биде во прекин, односно ќе се пренасочува по алтернативни патишта, информира АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ЈП Македонија Пат известува за изведувавање на градежни работи на пат (асфалтирање) на регионалниот пат Р-2238 с. Галичник – Маврово.
„Асфалтирањето ќе се одвива во правец од с. Галичник кон Маврово. Работите ќе се одвиваат секој работен ден и за време на викенди во период од 10:00 – 16:00 часот при што сообраќајот ке биде во прекин. На место на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација“, се вели во известувањето.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар