Гостивар
Во СВР Тетово вчера приведени 6 лица кои пренесувале дрва без документи

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера (8 септември), во 16 часот и 15 минути и 19 часот, ги лишиле од слобода Ш.Х.(48), И.Д.(27), Ј.Д.(38) и Н.Д.(30), сите од гостиварско Чегране, кои биле затекнати на локалниот пат во селото, во месноста „Јолов дол“, како со возила (џипови) пренесуваат огревни дрва без потребните документи.
Одземени им се две возила, дрвата и исто толку моторни пили и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат поднесоци по член 226 од Кривичниот законик за „пустошење на шума“.
Во истиот период вчера во 19 часот и 30 минути, во тетовска Волковија, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.Ј.(49) од Гостивар и Ј.С.(63) од ова село, кои со два трактори со приколки пренесувале дабово огревно дрво без потребните документи, откако претходно биле затекнати во атарот на селото.
На двете лица одземени им се тракторите „имт“, две моторни пили и дрвата, задржани се во полициска станица и по документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?