Поврзи се со нас

Гостиарски

Војче Смилески, заменик командир на ПС ОН Гостивар

Оставивме уште една година од животот зад нас, а пред нас се нови 365 дена. Поканивме неколку личности од Гостивар да ни кажат по што ќе ја паметат и каква им била 2021-ва и што очекуваат и посакуваат во Новата Година?

Објавено

на

Изминатата 2021 година на професионален план пред се ќе ја паметам по многуте предизвици со општествено-безбедносен предзнак, кои претставуваат мои секојдневни работни обврски и кои без да звучам претенциозно, мислам дека ги извршував целосно, ефикасно и успешно и во интерес на сите граѓани подеднакво. На тој двонасочен пат, морам да нагласам во секој миг или повлечен потег имав максимална, безрезервна поддршка од колегите, со кои настапуваме тимски што е според мене најважен предуслов за остварување на посакуваните резултати. Приватно, семејно бев исполнет со повеќе задоволства, мали, а сепак големи во чие средиште беа оние кои најмногу ми значат, сопругата Билјана и синовите Андреј и Лука, моето највредно богатство, кое секогаш и секаде се со мене и зад мене, исполнети со љубов и топлина, што во сегашниве времиња ни е прекупотребна, за што јавно им благодарам.

Во новата 2022 година, се надевам на подобри времиња за сите. Да се вратат изгубените човечки вредности, духовниот мир и спокојство меѓу луѓето и напредокот кого неизмерно на јаве го сонуваме и кон кого искрено тежнееме.

Среќна Нова година!.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена