Македонија
Воведена редовна авиолинија Скопје – Љубљана, цените од 1.539 денари

ТАВ синоќа на Меѓународниот aеродром Скопје го означи стартот на новата редовна авио линија Скопје–Љубљана, на Wizz Air.
„ТАВ ја прославува оваа одлична пригода – воведувањето на новиот лет на Wizz Air на релација Скопје – Љубљана – Скопје. За оваа авиолинија имаше голема побарувачка, со оглед на тоа што има многу деловни патници, студенти и македонски иселеници кои често патуваат меѓу двата града, а речиси 4 години, од 2019 година досега, немаше директна авиоврска меѓу Скопје и Љубљана. Среќни сме што Wizz Air го препозна ова барање и веруваме дека нивните услуги ќе ги задоволат потребите на нашите патници. Воведувањето на оваа нова рута, исто така, ќе им служи и на рекреативните патници и ќе ги зајакне нашите врски со Словенија. Љубљана, со своето богато културно наследство и енергична атмосфера, беше мошне очекувана дестинација за патниците од Скопје. Би сакал да изразам искрена благодарност до WIZZ за нивната одлука да ја додадат оваа рута од нивната база во Скопје, со што ќе се зајакне регионалната поврзаност. Со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на патниците на скопскиот аеродром, да обезбедиме беспрекорни аеродромски услуги и да создадеме трајни спомени при нивните патувања“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
WIZZ ќе лета на релација Скопје – Љубљана – Скопје два пати неделно, секоја среда и недела. Времето на заминување во среда од Меѓународниот аеродром Скопје е 18:40 часот, со време на пристигнување во Љубљана во 20:20 часот. Полетувањето од Љубљана е во 20:55 часот со слетување на скопскиот аеродром во 22:30 часот.
Времето на заминување во недела од Меѓународниот аеродром Скопје е 19:00 часот, со време на пристигнување во Љубљана во 20:40 часот, додека полетувањето од Љубљана е во 21:15 часот со слетување на скопскиот аеродром во 22:50 часот.
Авиобилетите се во продажба по цена почнувајќи од 1.539 денари, информираат од ТАВ.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо