Поврзи се со нас

Гостивар

Возење без дозвола, честа појава во Гостивар-374 казни за половина година

Објавено

на

Според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово, на гостиварското подрачје вкупната бројка на лица кои управувале возила без дозвола и биле санкционирани во изминатите шест месеци од оваа година изнесува 374. Во истиот период биле откриени и 67 возачи-почетници  кои целосно не се придржувале на ограничувањата предвидни за оваа категорија учесници во сообраќајот.

На поширокото тетовско подрачје, пак вкупно биле откриени и законски санкционирани 905 лица кои управувале возила без положен возачки испит и дозвола, како и 287 возачи-почетници.

Сите кои управувале без возачки дозволи веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци, така што согласно член 225 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, тие ќе се соочат со парична глоба од 250 евра во денарска противврденост, а истото се однесува и на возачите-почетници, кои согласно член 227 од истиот Закон  ќе треба да платат глоба од 200 евра во денарска противвредност.

Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш потсетува дека не треба да се седнува зад волан без положен возачки испит, зашто на тој начин се доведува во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. До почетниците повторно се апелира целосно да ги почитуваат законски предвидените ограничувања, дотолку повеќе што и едните и другите летово се приоритетен фокус на секојдневните контролни активности на ова подрачје, редовни или акциски.

СВР Тетово им укажува и на сопствениците на моторни возила да не им ги даваат на управување на лица кои немаат возачки дозволи, бидејќи во спротивно и ним ќе им бидат изготвени поднесоци и ќе им следува парична глоба од 250 евра во денарска противвредност.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 58 минути

Велики петок неработен за православните, Први мај и втор ден Велигден неработни за сите граѓани

Гостиварпред 2 часа

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 4 часа

Во Гостивар попладнево настан во чест на Денот на македонскиот јазик

Македонијапред 5 часа

Пролетен распуст од понеделник, по него ден со скратени часови, па неработна среда

Здравје и убавинапред 6 часа

Нискокалорична, а многу хранлива-7 топ бенефити од јадење краставица

ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Рокот за поднесување приговори до ДИК истекува денес во 19 часот

Гостиварпред 7 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 17 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 19 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена