Гостивар
Возило удрило во тротинет на улица во Гостивар, девојче е тешко повредено

Вчера (24 ноември) околу 14 часот и 30 минути во СВР Тетово е пријавено дека на улица „ЈНА“ во Гостивар, патничко моторно возило „алфа ромео“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 29-годишниот гостиварц Ш.М. удрило во тротинет што го управувало девојче од Гостивар.
Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, извести полицијата.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
СВР Тетово го повторува апелот и предупредувањето за почитување на правилата од страна на оние кои се движат со велосипеди, тротинети и електрични тротинети.
„Уште еднаш ги потсетуваме велосипедистите, лицата кои се движат со тротинети или електрични тротинети да се придржуваат на правилата за да се избегнат несакани последици. Да возат по велосипедски патеки или по тротоари, а никако по улици. Исто така, апелираме да внимаваат со која брзина се движат.“, нагласува портпаролот на СВР, Марјан Јосифоски.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог