Поврзи се со нас

Гостивар

Шествековната црква во Леуново заштитена од ризик, жителите горди и благодарни

Објавено

на

Во завршна фаза се градежните работи во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во село Леуново, кои се спроведуваат со цел заштита на културното и црковно наследство на кое се горди жителите од овој крај, односно продолжување на животот век на црквата стара речиси шест века.

Деценискиот проблем кој ја загрозуваше црквата во ова планинско село, со навлегување на водата во внатрешноста на објектот предизвкувајќи опасност од оштетувања и распаѓање на ѕидовите и фреските во внатрешноста е целосно саниран. Останува да се направи уште партерното уредување на дворот кое е предвидено за после зимата.

Со консултации и дозвола од Управата за заштита на културното наследство, МПЦ-ОА, Тетовско-гостиварска епархија, преку соодветно изготвен план и надзор со последните зафати беше проектирана и изработена целосна дренажа околу црквата како примарна заштита од влагата и од неповолните надворешни влијанија, поплочување со камени плочи на патеките околу црквата и изработка на 50 метарски армирано бетонски потпорен ѕид со што целиот објект е статички зајакнат, како велат директно инволвираните во рабоата, за најмалку 100 наредни години.

По тој повод во име на Тетовско-гостиварската епархија, жителите на Леуново и сите добронамерници во знак на неизмерна благодарност за реализираните работи и грижата за овој верски објект му доделија благодарница на Димитрије Лазарески, домаќин и претседател на Црковниот одбор во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Леуново.

За несебичен придонес во последните градежни работи благодарница му беше доделена и на Зоран Јосифоски.

Според одредени мислења црквата потекнува од пред XIV век, но точниот датум не е прецизно утврден. Во црквата постои Леуновско евангелие кое според водените знаци потекнува од 1537 година.

Жителите низ годините инвестирале многу во иконостасот и олтарот, фреските и длаборезот се изработени од самите Леунчани. Во Леуново уште од XIV век се појавиле првите мајстори-зографи. Во поново време жителите и сите кои потекнуваат од овој крај се грижат и вложуваат труд и средства за одржување на храмот.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ

Гостиварпред 4 недели

Продавале девојче за 50 до 200 евра, меѓу уапсените има и од Гостивар

Вестипред 3 недели

Планинско велосипедска тура „МТБ Маврово 2023“ – Во тек е пријавување

Гостиварпред 4 недели

Тамара од Гостивар ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг!

Писмапред 2 недели

ПИСМА: Граѓани од Гостивар реагираат на небезбедно градилиште

Гостиварпред 2 недели

ПИСМА: Стотина родители инсистираат на целодневна настава во ОУ „Гоце Делчев“ Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар утре хит комедијата „Обвинителка“ со легендарната Лидија Вуќичевиќ

Гостиварпред 2 недели

30 дена притвор за гостиварецот пријавен за сексуално вознемирување на малолетната внука

Гостиварпред 4 недели

Група граѓани од Гостивар со поддршка за Реџеп Таип Ердоган

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена