Вести
За телефон и репрезентација Таравари летово потрошил околу 100 илјади денари службени пари
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2018/09/tara.jpg)
Општина Гостивар ја продолжи праксата на објавување на службените трошоци на градоначалникот Арбен Таравари. Последниот извештај содржи податоци за летните месеци јуни, јули и август со вкупна сума од 99.400 денари.
Трошоците за овие месеци се поделени само во две ставки: угостителски услуги во земјата преку надворешни угостителски објекти и сметки за мобилен телефон. За службени ручеци и слични угостителски услуги градоначалникот вкупно потрошил околу 91.500 денари. Највисоката поединечна сметка изнесува 25.400 денари, а најефтината сума е 7.710 денари. За мобилен телефон, Таравари месечно трошел околу 2.500 денари.
Претходно беа објавени трошоците на градоначалникот за периодот од стапувањето на функцијата во ноември лани, до мај годинава чија вкупна сума изнесува 231.886 денари потрошени за хотелски сместувања во странство, авионски билети, дневници, сметки за мобилен телефон, репрезентација.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди