Гостивар
За три дена 80-тина казни за неносење на заштитни маски во Гостивар
Од самото воведување на мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето, полицијата секојдневно спроведува контроли околу почитувањето. И покрај тоа и бројните апели да се следат мерките за превенција од ширење на коронавирус бројките на регистрирани прекршоци не се намалуваат.
Според податоците од Секторот за внатрешни работи Тетово, во понеделник, вторник и среда (31 август, 1 и 2 септември) на подрајчето на Гостивар за неносење заштитни маски изготвени биле вкупно 77 прекршочни платни налози. Казната за овој вид прекршок е определена на 20 евра. Доколку казнетиот ја плати во рок од седум дена, се намалува на 10 евра.
Казни и тоа од 2000 евра се предвидени и за правни лица, кои нема да обезбедат заштитна опрема за вработените. За одговорното лице во фирмата казната е 500 евра.
Здолжителното носење на лична заштита на лицето важи при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти итн.)
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија