Вести
Зачестени несреќите со мотоциклисти во Гостивар – повторно повредено момче
Изминатиот период полицијата регистрира зголемен број на сообраќајни несреќи со мотори на гостиварското подрачје. Во последната, со тешки телесни повреди се здобил 22 годишен гостиварец. Момчето во петокот навечер околу 23 часот, возело мотоцикл „Хонда“ по улицата „Илинденска“ во Гостивар. Во еден момент излетал од патот и удрил во бетонска ограда при што бил тешко повреден. Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар во гостиварската болница, а од таму поради сериозноста на повредите, префрлен на клиниките во Скопје.
Пред една недела, мотоциклист беше повреден на патот Гостивар-Кичево. На почетокот на месецов пак, 28 годишник од Гостивар кој возел мотор на раскрсницата близу техничкото училиште, се здоби со телесни повреди.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените