Поврзи се со нас

Гостивар

Зачестени пожари: Не оставајте уклучени грејни тела додека не сте дома

Објавено

на

Ниските температури последниве десетина дена ја интензивираа грејната сезона со што се зголемија и ризиците од избувнување на пожари. Најчести причини за пожарите се човечко невнимание, стари и дотраени електрични инсталации, неисправни печки и неисчистени оџаци во куќи и станбени згради.

Во насока на спречување сериозни последици, Секторот за внатрешни работи Тетово апелираше до граѓаните на крајна претпазливост „Да не ги оставаат вклучени грејните тела кога не се присутни во домовите или работните простории, особено греалки, клима уреди или печки на дрва. Ова, посебно се однесува на станбените згради, во кои многу потешко се локализираат пожарите, поради недостиг на потребната опрема во многу од нив и отежнат пристап до објектите, најчесто од градежни или други причини.“, се вели во апелот.

На сопствениците на куќи и на станарите во зградите им се советува да ја проверат исправноста на грејните тела и соодветно да ги исчистат оџаците, но и да не ги преоптоваруваат инсталациите со вклучување на повеќе електрични апарати, оддеднаш.

СВР потсети дека пожарите претставуваат кривично дело „предизвикување на општа опасност“, за кое е  предвидена затворска казна од една до пет години, зависно од околностите и крајните последици.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена