Поврзи се со нас

Вести

Зачестени случаи на повредени работници во гостиварско

Објавено

на

Периодов зачестија случаите на повреди при работа во гостиварскиот регион. Во текот на овој месец ги имало вкупно девет. Работници завршуваат со скршеници на раце, нозе, па и на главата.

Статистиката на СВР Тетово покажува дека од јануари до септември на поширокото гостиварско подрачје имало 24 несреќи при работа, од кои една завршила фатално, со смртни последици.

Најмногу од несреќите во овој период се случиле при изведување на градежни активности на објекти, монтирање на различна опрема, управување со возила или машини и друго. Полицијата бележи дека најчеста причина за случаите е човечкото невнимание. Така било дури во 20 несреќи. Како останати причини се наведуваат  непридржување кон заштитните стандарди и критериуми, дотраеност на опремата за работа или заштитната опрема и временски неприлики.

Во годишниот извештај на Македонското здружение за заштита при работа е наведено дека во 2017 година во земјава се случиле 158 несреќи при работа, од кои 24 со смртни последици. Во просек на секои 100.000 вработени, загинуваат 3 до 4 работници, што е висока стапка на фатални несреќи при работа.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена