Поврзи се со нас

Вести

Заев: Патниците се од Северна Македонија, еден е од Прешево и еден со белгиско држајанство

Објавено

на

Ќе почекаме причините за несреќата да ги кажат стручните служби. Настраданите не се само од Скопје, туку се од повеќе места. Сите се граѓани на Северна Македонија, од повеќе националности се, но има и еден граѓанин од Прешево, Србија, кој заедно со вереницата од Куманово бил во Истанбул на прошетка. Во листата видовме и дека има едено лице со белгиско државјанство, изјави премиерот Зоран Заев кој денеска, заедно со министрите за здравство и за надворешни работи, Венко Филипче и Бујар Османи, ги посети седумте хоспитализирани во болницата Пирогов во Софија.

Одговорајќи на новинарски прашања, Заев рече дека се уште не знае детали иако имал информација дека тие седуммината што преживеале, кога настанала несреќата успеале да го скршат прозорецот кај задните седишта.

-Ќе оставам на бугарските експерти да ги кажат анализите за причините на несреќата. Живите имаат впечаток ккао тоа се случило. Ако ние политичарите тоа го кажуваме, може да настане проблем. Не може премиерот на Северна Македонија да каже дали брзината била соодветна или дали бил исправен автобусот, тоа ќе го кажат стручните служби, експертите и професионалците, нагласи Заев.

Информацијата за несреќата тој, како што истакна, ја добил во 3:30 часот ноќеска од премиерот Стефан Јанев, а потоа му се јавил и претседателот Радев.

-Благодарен сум за посветеноста околу истрагата. Знам дека прават се како за свои граѓани. Ќе можеме по посетата на болницата од Јанев да се информираме за деталите. Прво ќе се видам со него, а со нас е постојано министерот Стоев. Благодарни сме на целата асистенција, подвлече Заев.

Тој информира и дека членови од семејствата на лицата кои се хопситализирани веќе дошле во болницата.

-Тука се, имаа можност да си ги видат своите роднини, да поразговараат со нив, а дел од нив  ги запознаеме, рече премиерот.

Заев рече и дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски го информирал дека превозникот е „Беса транс“, кој стандардно и најчесто вози туристички тури на релација Истанбул – Софија – Скопје.

-Не можам да кажам детали, знам само како се вика фирмата, дека се занимава со туризам и дека има повеќе автобуси, како и дека се често на релација Истанбил – Софија – Скопје, нагласи Заев.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 39 минути

Велики петок неработен за православните, Први мај и втор ден Велигден неработни за сите граѓани

Гостиварпред 2 часа

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 3 часа

Во Гостивар попладнево настан во чест на Денот на македонскиот јазик

Македонијапред 5 часа

Пролетен распуст од понеделник, по него ден со скратени часови, па неработна среда

Здравје и убавинапред 5 часа

Нискокалорична, а многу хранлива-7 топ бенефити од јадење краставица

ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Рокот за поднесување приговори до ДИК истекува денес во 19 часот

Гостиварпред 7 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 17 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена