Поврзи се со нас

Гостивар

Запленета марихуана вредна 70.000 евра во акција на ОВР Гостивар, ОВР Дебар и Сектор за недозволена трговија со дрога

Објавено

на

МВР соопшти дека вчера (13 септември) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ОВР Гостивар и ОВР Дебар спроведоа координирана акција, при што се лишени од слобода четири лица и запленети се околу 20 килограми марихуана, со вредност од околу 70.000 евра, како и три возила.
Полициски службеници од ОВР Дебар кај Бошков мост се обиделе да сопрат патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски ознаки поради сомнение дека во возилото има дрога, но возачот не застанал и се дал во бегство, а по преземени мерки и активности во близина на Скудрински мост пронајдено е возилото и приведен А.И. (32) од с. Никуштак. Во возилото се пронајдени две големи торби со 20 пакувања марихуана.
Во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, на магистралниот пат Дебар-Гостивар сопрено е патничко моторно возило „рено лагуна“ со германски регистерски ознаки, кое имало улога на „чистач“ при транспортот, при што се лишени од слобода возачот Б.Џ. (45) од Арачиново и Б.А. (34) од Арачиново, кој се барал и со потерница за претходно сторено кривично дело.
„Денес (14 септември) во врска со овој случај, во Дебар е лишен од слобода и У.Н. (28) од село Бањишта. Извршени се и претреси и притоа се пронајдени поголема сума на пари, мобилни телефони и сим картички, а одземени се и три возила. Против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 215 став 3 од Кривичниот закон и ќе бидат изнесени пред надлежен судија.“, стои во соопштението.
Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 10 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 14 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 15 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 16 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 18 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 19 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 20 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 21 час

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена