Поврзи се со нас

Македонија

Запленети 100 штеки цигари, облека, козметика, камери…

Објавено

на

Царинската управа информираше дека во периодот од 16 ноември до 7 декември царинските службеници откриле повеќе обиди за криумчарење стока, при што привремено се задржани цигари, тутун за наргиле, облека, технички производи, козметички средства и фалсификати:

– 100 штеки цигари Pall Mall со македонски акцизни маркички запленети од страна на припадници на македонската армија. При патролирање во близина на местото познато како Плантажа Владаја, кај граничниот премин Стар Дојран, било забележано лице на точак кое носело две најлонски кеси. Кога ја забележало патролата, лицето побегнало, оставајќи го точакот и двете кеси полни со цигари. За случајот биле известени полициските службеници од граничниот премин Стар Дојран, а цигарите биле предадени на мобилните царински тимови.

– 10,5 килограми ароматизиран тутун за наргиле и околу 1 килограм јаглен, откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Непријавените производи, пронајдени во 10 пластични кофи сместени пред совозачкото седиште и позади возачкото седиште, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

– 99 парчиња женска облека (фустани, кошули, блузи, фармерки, панталони и тренерки), откриени на Интернационалниот Аеродром Скопје, при контрола на две торби и еден куфер, сопственост на државјанин на Соединетите Американски Држави кој допатувал со лет од Истанбул. Непријавените производи се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

– 116 парчиња машка облека (јакни, блузи и дуксери), откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на патните торби на косовски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул. Непријавените производи се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

– 25 комплети машки и женски тренерки и 15 парчиња долни машки и женски тренерки, откриени при контрола на македонски камион-кипер управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ново Село.  Непријавените производи, пронајдени во кеси сместени под корпата на киперот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

– 40 модеми за кабловска телевизијаHUAWEI EchoLife HG8012Hоткриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

– 24 камери и 6 рисивери за видео надзор, откриени во соработка со граничната полиција, при контрола на празен македонски камион-кипер, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Делчево. Непријавените производи, пронајдени кај ветробранот на кабината, под душекот и во специјално направена преграда позади возачкото седиште, се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

– 191 клучеви за патнички возила, 4 читачи за клучеви за патнички возил и 8 парчиња TV-box, откриени во два одвоени случаи на Меѓународниот Аеродром Скопје при контрола на патните торби на двајца турски државјани кои допатувале со лет од Истанбул.

Во првиот случај биле пронајдени 156 нережани клучеви, 35 некодирани клучеви со чип и 4 читачи за клучеви за патнички возила, додека во вториот случај биле пронајдени 8 парчиња TVbox марка KRAMER TP-580RXR.

Во двата случаи, непријавените производи се привремено задржани, а против патниците ќе бидат поведени прекршочни постапки.

– 540 ампули  Колаген, откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ново Село. Непријавените производи, пронајдени во багажникот на возилото, под тапацирот и во просторот за резервна гума, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

– 800 светилки за автомобили и 2.000 пластични држачи за регистарски таблички со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на турски камион, натоварен со стока со потекло од Турција наменета за увозник од Албанија, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани, и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 1 час

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 4 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 5 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 6 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 6 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 18 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 19 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 23 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 1 ден

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена