Поврзи се со нас

Вести

Заштитен најлон како привремено решение за кровот во „Гоце Делчев“

Објавено

на

 

Привремено ќе се санира кровот во ОУ„Гоце Делчев“ во Гостивар, кој години наназад е во лоша состојба поради што капе вода во училниците при дожд и топење на снег. Локалната самоуправа соопшти дека работите за покривање започнале денес.

„Јужната страна на училишната зграда ќе биде покриена со најлон кој се користи за оранжерии, материјал кој штити од снег, дожд и ветер за период од три години. Покрај јужната страна, која зафаќа површина од околу 1000 квадратни метри, ќе се санираат и оштетените делови на покривот на другите страни од зградата. Воедно ќе се интервенира и на сомнителните точки, од кои се претпоставува дека може да протекува вода, како што се местата каде што поминуваат жиците од громобранот“, информираа од општина Гостивар.

Зафатот го реализираат две фирми кои пројавиле интерес да помогнат без надоместок.

„Со реализација на овој проект кој се очекува да биде завршен неделава, се гарантира дека оваа учебна година учениците ќе ја завршат без проблеми. За трајно решение, наредната пролет ќе се извршат сите тендерски постапки и за време на летниот одмор ќе се изведат работите за изградба на нов покрив. Тоа значи дека од новата учебна година, во ОУ “Гоце Делчев” ќе биде решен клучниот проблем со кој училиштето се соочува последниве години“, најавува локалната власт.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена