Поврзи се со нас

Вести

Остана мистерија која беше причината за епидемијата на труење во Гостивар

Објавено

на

Здравствените институции не успејаа да дадат одговор за причината за масовното труење во Гостивар кое настана кон крајот на октомври. Скоро 800 граѓани завршија со симптоми на заразно заболување за кое не се откри од каде потекнува.

И во официјалниот извештај за епидемијата на Институтот за јавно здравје нема повеќе детали за епидемијата. Наведена е вкупната бројка и накусо преземените мерки. „На 31.10.2017, ПЕ Гостивар пријави епидемија на гастроентероколит. Во епидемијата заболеле 777 лица од Гостивар и соседните села, од кои само две лица биле хоспитализирани на инфективното одделение при Општа болница Гостивар. Епидемиолошката служба при ПЕ Гостивар во соработка со ИЈЗ и Државниот санитарен инспекторат изврши епидемиолошки увиди на терен. Од земените примероци материјал од пациенти за микробиолошка анализа, нема позитивни резултати, а сите анализирани мостри вода микробиолошки и физичко-хемиски се со уреден наод. Етиолошкиот причинител не е докажан, а ПЕ Гостивар спроведе засилена контрола врз водата за пиење и даде превентивни препораки на населението да користи флаширана или превриена вода. Епидемијата е одјавена на 15.11.2017.“, стои во извештајот.

Лекарите најголем сомнеж фрлија врз водата,за која сепак не се докажа дека е причинител за труењето. И покрај тоа, од тогаш поголем дел од гостиварци купуваат вода во шишиња и не ја користат водата од градскиот водовод за пиење.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена