Поврзи се со нас

Гостивар

Затруени кучиња скитници во Гостивар, утрово глутници нападнале две жени

Објавено

на

Вознемирувачко неделно утро за граѓаните на Гостивар кои живеат во близина на автобуската станица. Како што раскажуваат, во реонот утрово се случиле два напади од кучиња скитници врз жени минувачи, а истовремено забележале и неколку затруени животни.

Жителите велат дека во околината се собираат голем број на бездомни кучиња, кои најчесто се движат во групи и неретко напаѓаат. Тие се згрозени и го осудуваат чинот на труење и бараат институциите соодветно и во рамки на надлежностите да го решат проблемот со кучињата.

„На овој простор се собираат по 30-тина кучиња, а не сме виделе некој нешто да презема. Никако не е решение кучињата да се трујат и да се мачат, го осудуваме таквиот нехуман чин, но сметаме дека институциите итно треба да го решат проблемот со кучињата, навистина се голема опасност и често напаѓаат“, рекоа граѓаните.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена