Вести
Заврши сагата: Нема шампион, нема испаѓање од кошаркарската Прва лига
Кошаркарската федерација на Северна Македонија ја донесе конечната одлука за исходот на сезоната 2019/2020 која се прекина поради COVID-19 пандемијата. Управниот одбор на КФСМ ја потврди одлуката која ја донесоа кошаркарските клубови, нема победник во сезоната 2019/2020.
„По доставениот предлог до членовите на Управниот одбор и по спроведеното гласање од нивна страна, Управниот одбор на КФСМ со убедливо мнозинство донесе одлука за завршување на Првата лига во машка сениорска конкуренција да не се прогласи шампион за оваа натпреварувачка сезона, да нема испаѓање во понизок ранг на натпреварување и две екипи од Втората лига мажи да се промовираат во Првата лига за сезоната 2020/21“, се вели во официјалното соопштение од КФСМ.
КК Гостивар со оваа одлука ја завшува сезоната како третопласирана екипа на табелата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград