Вести Гостивар
Зеаландија, осмиот континент кој чека да биде официјално признат

Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Азија, Африка, Австралија, Антартик. Листата завршува тука. На нашата планета има седум континенти. Така се учи во училиште, така е наведено во мапите…Но, бројот на континетни е всушност се` уште неусогласена тема.
Научната заедница веќе две децении се обидува да сврти внимание на еден важен факт: дека сме запоставиле цел еден континент.
Скоро во целост потопена од Јужниот Пацифик, Зеаландија трпеливо чека да го добие статусот континент. Некогаш била дел од супер-континентот Гондвана, заедно со Австралија, но се отцепила пред околу 75 милиони години. Со површина од пет милиони квадратни километри, таа се протега јужно до Нов Зеланд северно до Нова Каледонија и на запад до Кен Платото од источниот дел на Австралија.
94% од Зеаландија се наоѓа под вода, а она што не е потопено се три познати копнени маси: Северен и Јужен остров на Нов Зеланд и Нова Каледонија, како и неколку сосема ситни островчиња.
Скриениот континент лежи на сопствена континентална плоча, јасно и прецизно одвоена и значително подебела од океанската. Има јасно дефинирани граници, кои ја дистанцираат од околните области. Токму на овие геолошки одлики се базира тврдењето дека треба да добие статус на континент.
Истражувачите ја нарекуваат Зеландија „потврдување“ , а не „откритие“, затоа што и била позната на науката, но се сметало дека се работи за збир на одвоени острови и фрагменти. Деталните испитувања, студии и истражувања потврдиле дека сепак е целина.
фото: N. Mortimer/GSA Today
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 1 ден
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер