Поврзи се со нас

Гостивар

Жени претприемачки од Гостивар се едуцираа за креирање бизнис идеи и иновации

Објавено

на

    Како да се справат со најчестите проблеми во водењето на бизнис, кои се начините и можностите за креирање бизнис идеи и иновации, на кои аспекти најмногу да обрнат внимание за да успеат во бизнис светот. Ова беа темите опфатени со обуката што денес се одржа во Гостивар, наменета за жени претприемачки под наслов „Решавање проблеми и креирање бизнис идеи и иновации“.

    „Темата е доста интересна и комплексна, преку обуката се обидувам да ги пренесам моите знаења и искуства на жените претприемачки да бидат способни да ги детектираат проблемите како во општеството така и во бизнисот и да можат да направат соодветни иновации и решенија кои ќе одговорат на тие потреби и проблеми. Од аспект на водење бизнис во претприемништвото чести се проблемите со управувањето со финансиите и кај новоосновани бизниси чест проблем е што самиот бизнис се поставува на погрешна основа, односно очекувањата се преценети на почетокот, па бизнсот се развива во погрешна насока. Ние ќе се обидеме да ги едуцираме жените на обуката како да ги надминуваат ваквите пречки и проблеми“, кажа предавачот Сергеј Зафировски, менаџер и експерт за претприемаштво.

    Обуката во Гостивар се спроведе како дел од проектот за “Подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво” на Националната платформа за женско претприемништво.

    Идејата за проектот произлегува од фактот дека инвестирањето во жени е едно од најефикасните средства за зголемување на еднаквоста и промовирање на инклузивен и одржлив економски раст, нагласија организаторите.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена