Гостивар
УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар со активност по повод Светскиот ден на срцето

Гостиварци денес имаа можност бесплатно да добијат медицински преглед, совети и мерење на крвниот притисок и нивото на шеќерот во крвта. Активноста ја организираа Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Гостивар, во соработка со Комисијата за здравство на општинскиот комитет, одбележувајќи го Светскиот ден на срцето, 29 Септември.
„Организираме активност по повод Светскиот ден на срцето, со цел да ги потсетиме и да ги мотивираме да се грижат за сопственото здравје, да внимаваат, да делуваат превентивно за да ги намалат ризиците од срцеви заболувања. На нашите сограѓани им мериме крвен притисок и шеќер во крвта, зборуваме за нивната здравствена состојба и им даваме стручни совети“, рече Анета Ќироска претседателката на УЖ на ВМРО ДПМНЕ во Гостивар.
Светскиот ден на срцето се одбележува и слави секоја година на 29 септември, со цел да се зголеми свеста за кардиоваскуларните болести и како да се контролираат за да се отстрани и намали нивното влијание во светот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос