Поврзи се со нас

Вести

Златниот накит и парите најпривлечни за крадците

Објавено

на

Во текот на 2016-та година, во полошкиот регион се случиле 556 тешки кражби, што е осумдесетина помалку споредено со претходната година. Над една третина од нив се целосно расветлени и заокружени со соодветни пријави, соопштуваат од Секторот за внатрешни работи.
Нивната статистика покажува дека најголем број од тешките кражби (277) биле извршени во куќи, станови и викендички. Четириесет и осум се извршени во продавници, 42 во моторни возила и 107 на други места. Се проценува дека крадците однеле плен со вкупна вредност од 35,5 милиони денари.
„Најмногу од ланските тешки кражби се извршени со насилно провалување на влезните или балконските врати, но и на прозорците во приземјата на објектите. Ова, пред се` се однесува на кражбите во куќи и продавници, додека во становите крадците најчесто влегувале со кршење на цилиндер бравите, па дури и со брзо и вешто отворање на блиндер-врати“ стои во соопштението од СВР.

Најпривлечни за крадците биле парите и златниот накит. Посегнувале и по технички производи, претежно ЛЦД-телевизори, камери, мобилни телефони, апарати за домаќинство и друго кои потоа најверојатно ги продавале на „црниот“ пазар.

Во текот на 2016-та година, во полошкиот регион имало и 375 помали кражби на велосипеди, мобилни телефони, украсни дрвца, железни предмети и сл. Полицијата регистрирала и десет разбојништва.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена