Занимливости
Зошто за светла на семафорот се избрани боите црвена, жолта и зелена?
И најмалите деца знаат што значат боите на семафорот. Црвеното светло е знак за стоп, зеленото за движење, додека жолтото светло претпазливост и најава дека доаѓа до промена меѓу двете други бои.
Но, сте се запрашале ли зошто се избрани токму овие три бои, а не некои други, како на пример сина, кафеава и слично.
Семафорите се измислени пред да се измислат и користат автомобилите. Всушност, првично служеле за сигнализација на возовите. Тогаш имале црвена, зелена и бела боја. Црвената и тогаш значела застанување, зелената била знак за претпазливост и подготовка, додека белата тргнување на возот.
Со тек на време, се увидело дека белата боја им пречи на машиновозачите, затоа што ноќе, на хоризонтот се вклопувала со ѕвездите. Железичките компании, тогаш се договориле да извршат промена и да го состават семафорот со денешните бои. Црвената боја е одбрана поради фактот што отсекогаш симболизирала опасност и е многу забелжлива, додека жолтата затоа што по бранова должина се наоѓа меѓу црвена и зелена.
Инаку, првите семафори на светот на улица биле поставени кај Вестминстерската палата во Лондон, во 1868 година, со нив се управувало рачно, а биле активни само навечер. Имале две бои: црвена и зелена. Првите семафори на струја биле поставени во Детроит, САД, во 1912 година. Третата боја, која првично била портокалова е воведена во 1920-та година. Нешто подоцна била сменета со жолта.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди