Вести
ЕДЕН ДЕН СО: Наташа Јовановска, челист
„Музиката секогаш ќе биде еден од моите главни приоритети“
Кои се твоите утрински ритуали и навики?
Кога имам повеќе време, сакам да го уживам почетокот на денот. Најпрво пијам чашка до две вода, потоа го хранам мачорот и си играм малку со него, следно подготвувам доручек и доколку станува збор за работен ден, по доручекот заминувам на работа.
Како тече еден твој работен ден?
Од пред неколку години сум член на оркестарот на Македонската Филхармонија каде работните обврски се организирани во форма на проби. Пробите ги предводи домашен или странски диригент кој го подготвува оркестарот за тековниот концертен настан. По завршувањето на работниот ден, користам дел од попладневните часови за свирење, а останатиот дел за одмор и релаксација.
Со што го исполнуваш слободното време?
Слободното време го поминувам со најблиските луѓе кои се дел од моето секојдневие во Скопје. Заедно одиме на кино, куглање, биљард, посетуваме свирки на локалните бендови во градот, одиме на театар, опера итн… Слободните денови пак се трудам да ги искористам да допатувам до Гостивар за да поминам време со моето семејство.
Неколку години поради работниот ангажман живееш во Скопје. Како ја доживуваш разликата меѓу главниот град и родниот град Гостивар во однос на начинот на живот, динамиката, секојдневието, можностите…?
Разликата е голема. Мене лично ми беше прилично тешко да се прилагодам на брзината и динамиката на главниот град. Секако, Скопје има предност кога станува збор за културата и можностите, но Гостивар има своја посебна магија која го прави идиличен и убав на сосема поинакво ниво.
Твојата најголема , а до сега неостварена желба е…
Да ми се отвори можност да соработувам со големи светски оркестри, диригенти, музичари…
Каде се гледаш себе си за десетина години?
Не сум размислувала многу на оваа тема, но едно сум сигурна, за десетина година, каде и да сум, музиката ќе биде еден од моите најглавни приоритети!
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар