Поврзи се со нас

Здравје и убавина

10 изненадувачки факти за осаменoста

Објавено

на

  1. Осаменоста не зависи од тоа колку пријатели или врски имате. Осаменоста исклучиво зависи од квалитетот на врските – од личното чувство колку сте емоционални и/или социјално исклучени од тие околу вас.Тоа е причината зошто…
  2. Повеќе од 60% од осамените луѓе се во брак. Кога брачните двојки ќе престанат да ги делат своите најдлабоки емоции, мисли, и искуства еден со друг, тоа им создава чувство дека се исклучени и сами. Луѓето во ваквите врски вистински веруваат дека сопружникот не може да им понуди длабока поврзаност каква што тие посакуваат. Иако нивниот страв може да биде и оправдан, тој може да потекнува и од фактот дека…
  3. Осаменоста ја искривува перцепцијата за нашата врска. Студии покажале дека е доволно само да ги замолите луѓето да се присетат кога се чувствувале осамени, за да да ја деградираат својата врска. Ваквата искривената перцепција често допринесува осамените луѓе уште повеќе да се оддалечат од истите тие луѓе што би можеле да им ја олеснат осаменоста. Да бидат работите полоши и пријателите во тие случаи често не прифаќаат дружба бидејќи…
  4. Осаменоста е „зараза“ во социјалните кругови. Осаменоста има јасен белег. Ние тежнееме кон тоа да може да ги забележиме и препознаеме осамените луѓе околу нас. Една студија покажала дека во период од само шест месеци , осамените луѓе се истиснати на периферијата на социјалните кругови, а што е поизненадувачки исто и нивните пријатели. Да се биде вака потиснат „на ладно“ влијае и на нашето тело…
  5. Осаменоста не прави да чувствуваме  дека ни е „поладно“. Една студија покажала дека самото потсетување на времето кога биле осамени ги тера луѓето да  проценат дека температурата во просторијата е пониска отколку што навистина е , па дури и да им опадне температурата на кожата. Ова чувство, да се биде „потиснат на ладно“, води потекло од нашето еволутивно минато каде што да  бидеш избегнуван од племето значи да бидеш понастрана и од топлината на огништето и групата околу него. Всушност, нашето тело реагира драматично на осаменоста…
  6. Осаменоста прави нашето тело да се чувствува нападнато. Осаменоста предизвикува многу брза и јака телесна реакција.Се зголемува крвниот притисок и холестеролот и се активира психолошката и физичката реакција на стрес.Тоа е причината зошто…
  7. Хроничната осаменост значително го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести. Со тек на време, хронично осамените луѓе многу почесто стадаат од кардиоваскуларни болести затоа што нивните тела се под постојан и непопустлив стрес. Но, тоа не е единственото влијание на осаменоста  врз телото…
  8. Осаменоста ја потиснува функцијата на имуниот систем. Осаменоста ја намалува ефикасноста на имуниот систем, што со текот на времето го зголемува ризикот од развој на разни заболувања. Дури и краткотрајната осаменост влијае на имуниот систем, што е причина зошто…
  9. Бруцошите на факултет што се чувствуват осамено имаат послаб одговор на вакцините против грип. Дури и само неколку неделната осаменост е доволна да влијае на имуниот систем, па затоа бруцошите кои се чувствуваат осамено имаат послаб одговор на вакцините против сезонски грип за разлика од нивните колеги кои не се чувствуват осамено. Според сето ова, осаменоста го погодува нашето тело многу сериозно…
  10. Осаменоста е подеднакво опасна како и цигарите. Заради ваквото драстично влијание на осаменаста врз нашето тело, заклучокот на научниците е дека осаменоста претставува исто толку голем ризик по нашето здравје и долговечност како и пушењето цигари. Хроничната осаменост го зголемува ризикот од прерана смрт за 14%.

Очигледно, осаменоста претставува голема психолошка „рана“ која не би требало да се игнорира. Затоа, веднаш направете чекор да ја надминете таа состојба штом ќе се почувствувате осамени и едуцирајте ги и другите осамени луѓе околу вас за ризиците што ги носи долготрајната осаменост.

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 9 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 11 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 12 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 13 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 14 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 15 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 16 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена