Занимливости
10 работи кои не сте ги знаеле за БМВ
BMW е еден од најпознатите, култни производители на автомобили со огромен број на обожаватели ширум светот. Можеби ги сакате, можеби не, но позади логото на БМВ стојат незаборавни модели кои оставија длабок печат во автомобилската индустрија.
Еве неколку интересни факти кои ретко кој ги знае за германската компанија.
БМВ првично произведувал мотори за авиони
Компанијата е основана за време на Првата светска војна, а поради голема потреба, првичната намена на БМВ била за производство на мотори за авиони. Квалитетот на моторите бил потврден од легендарниот германски пилот Манфред вон Рихтофен (алиас – Црвениот Барон), кој рекол дека тоа се најдобрите мотори за еден борбен авион.
BMW го произведува најбрзиот мотоцикл во 1937 година
Пред да стане познат по производство на автомобили, BMW биле многу поуспешни во производство на мотоцикли. За да се пробијат на пазарот, тие дизајнирале мотоцикл што го собори брзинскиот рекорд во тоа време – 280 км на час!
Седиштето на BMW е дизајнирано според изгледот на мотор со 4 цилиндри
Иако сегашните најсилни модели од германскиот производител се напојуваат со шестцилиндрични мотори, голем дел од наследството на BMW се базира на неверојатни четирицилиндрични единици. Затоа, седиштето на БМВ во Минхен било дизајнирано во чест на четирицилиндричните агрегати кои му донесоа светска слава.
Логото на BMW, всушност, не означува пропелер во движење
И покрај верувањето дека логото означува пропелер од германските борбени авиони од првата светска војна, таквиот дизајн е само среќна околност. Дизајнот свушност ги претставува боите на баварското знаме, од каде потекнува компанијата, а тркалезната форма ја наследува од компанијата Рап Мотор која е предходник на БМВ.
БМВ произведува автомобили поради забрана
По Втората светска војна, производството на воена машинерија било строго забрането во Германија според Версајскиот договор. Компанијата немала друг избор освен да се впушти во производство на автомобили, останатото е историја.
Првиот БМВ, всушност и не бил БМВ
Првиот автомобил што ги напуштил фабричките ленти ја носел ознаката Дикси. Сепак, ова не бил оригинален дизајн на Германците, туку лиценциран модел од британскиот производител Остин. Истиот модел во Америка ја носи ознаката Бантам, додека во Јапонија бил Датсун.
BMW го создава првиот електричен автомобил во 1972 година
Електричните автомобили се главна тема во автомобилската индустрија денес, но нивното потекло не води многу поназад дури во 19 век кога извесно време биле доминантно превозно средство се додека развојот на моторот со внатресно согорување не ги фрли во заборав. Се до 90-тите кога се враќа интересот за овој тип на погон. Но сепак, БМВ, експериментално, првиот електричен автомобил го произведува во 1972-ра година – БМВ 1602е.
BMW имал свој Ламбурџини
Ако некогаш забележите модел со изглед како Ламбурџини Урако, а напред стои познатиот знак на БМВ, тогаш станува збор за моделот БМВ М1. Имено, во 70-тите години од минатиот век, италијанската и германската компанија со здружени сили работеле на проект на тркачки автомобил. Дизајнот бил на Ламбурџини, додека деловите и моторот биле на БМВ. Поради финансиски проблеми Ламбурџини се повлекува од проектот оставајќи ја германската компанија на цедило. Резултатот од сето тоа е БМВ М1.
Ролс-Ројс е во сопственост на БМВ (исто како и мини)
Што се добива кога ќе искомбинирате британски стил и германски инженеринг? Добивате грд автомобил кој е симбол за луксуз и префинетост. Ролс Ројс и Мини станаа дел од германската групација во 1994 година, а првиот модел на Ролс под германско раководство беше моделот Фантом од 2003 година.
БМВ за малку,ќе станел Мерцедес
Поради Студената војна, Баварската компанија се наоѓала во тешка финансиска криза која ја довела дури и до работ на банкрот во 1959 година. Дајмлер- Бенз, намирисувајќи ја целокупната ситуација, сакале да ја искористат шансата и за помалку пари да ја превземат компанијата.
Сепак, акционерите во БМВ се одбраниле од обидот за “непријателскотo” превземање. Овие два германски производители на премиум автомобили имаат долгогодишно ривалство и ова е само еден од настаните кои го одбележуваат нивниот однос.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар