Поврзи се со нас

Македонија

30% покачување на платите бараат медицинарите, во спротивно најавени протести

Објавено

на

Покачување на платата на здравствените работници за 30 проценти, нов колективен договор, бенефициран стаж на вработените во итна медицинска помош, рендген и психијатриските болници, додатокот за инфекција да се зголеми на 4 проценти и итна трансформација на договорите од определено, на неопределено време, бара Независниот синдикат на здравствените работници.

Националниот координатор на Независниот синдикат на здравствените работници при Конфедерација на синдикалните организации на Македонија (КСОМ), Боби Бојчевски, на денешната прес-конференција посочи дека се во контакт со останатите синдикати од здравство за организирање протест и доколку по 20 септември нема одговор на нивните барања, ќе излезат на улица.

„Здравствените работници се донесени на маргините на живеење и едноставно се дискриминирани. Здравството е дојдено  на последната скалила на живеење. Затоа ќе повикаме сите заедно, сите сплотено да излеземе да си ги побараме правата за нормален живот во оваа држава. Повторно ќе пратиме известување до министерство и влада, ако нема одговор, не останува ништо друго, туку на улица“, изјави Бојчевски.

Просечната плата на околу 25 илјади здравствени работници во земјава, истакна Бојчевски е под просечната во државата, посочувајќи дека почетната платата на здравствените работници е 20 700, на докторите е од 32 до 35 илјади, а специјалистите максимум до 45 илјади.

„„Белите мантили“ се со крај на трпение. „Белите мантили“ излегуваат на улица“, нагласи Бојчевски.

Полош колективен договор од моменталниот во здравството, според Бојчевски, не постоел. Независниот синдикат има околу 2 500 членови и бараат да бидат присутни на разговорите.

На новинарско прашање дали Синдикатот ги поддржува протестите за Онкологија, Бојчевски рече дека тие како Независен синдикат ги поддржуваат протестите, нагласувајќи дека и тој лично и други биле на протестите.

„Утрешниот протест, исто така, го поддржуваме. Не може еден здравствен профитер, тие 10, 20, 30 луѓе да ги црнат другите 25 илјади вработени во здравствениот систем. Ние го осудуваме случајот, ги поддржуваме протестите и лично ќе бидеме присутни“, изјави Бојчевски.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 1 недела

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена