Македонија
Во автобус на Табановце откриен бункер за шверцување

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги, на граничниот премин „Табановце“ откриле автобус специјално конструиран, адаптиран и со изменет простор, со цел криење на стока. Автобусот е привремено одземен, а против возачот е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд, известуваат од Царинската управа.
Оттаму, соопштуваат дека завчера, на 8 септември, за излез од државата на граничниот премин „Табановце“ се пријавил автобус од српска фирма превозник, кој врши редовен превоз на патници на релација Скопје – Белград.
„Од страна на царинските инспектори од одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, автобусот бил селектиран за детална контрола, при што се откриени прегради во делот на креветот за возачи, каде бил направен отвор од каде може да се пристапи до тешко пристапни делови во задниот дел од автобусот. Отворот бил затворен со метална преграда, а врз тоа била ставена дрвена тапацирана плоча, што претставува специјално адаптиран простор – бункер, со цел шверцување на стока“, информираат од Царинската управа.
Согласно член 263 став 7 и член 269 став 2 од Царинскиот закон, автобусот-предмет на прекршок е привремено одземен, а против возачот е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!