Здравје и убавина
4 чекори до јасен вид со ласерска корекција на диоптрија

Денес, со напредокот на технологијата, многу едноставно и лесно може да се реши скоро секој проблем. Во таа смисла, диоптријата веќе многу едноставно може да се отстрани со кратка и безболна интервенција која е секогаш ефективна и дава изненадувачки резултати.
Ласерската корекција на диоптрија се смета и за најпопуларна метода за симнување на диоптријата кај младите лица затоа што е многу брза. Таа трае само 10 минути и тоа за двете очи, а по интервенцијата се оди дома само со очила за сонце. Нема потреба фластери, завои или пак да се стравува дека може да има било какво крварење.
Враќањето на секојдневието е од 2 до 3 дена, како што велат од Систина Офталмологија „Периодот на закрепнување е доста краток и најчесто е од 2 до 3 дена кај секој пациент бидејќи на самото око нема рана. Додека периодот на адаптација на новиот вид може да трае и до неколку дена и повеќе, и по потреба може да се издаде неделно мирување за пациентот да може да се навикне на новиот вид. Шокот по интервенцијата е нормална реакција кај секој пациент поради позитивната промена која ја доживуваат односно дека гледаат без очни помагала.“
Доколку и вие размислувате за оваа интервенција, треба да знаете неколку работи.
Првиот чекор е да се открие дали вие сте кандидат за ласерска корекција на диоптрија.
Систина Офталмологија прави детален очен преглед познат како преглед за ласерска корекција на диоптрија и се смета за најдеталниот преглед во офталмологијата.
„Овој преглед трае до 2 часа и се испитува дали пациентот ги исполнува критериумите да е кандидат за оваа интервенција како на пример: стабилна диоптрија – диоптријата треба да не се менува минимум 1 година; дебелина на рожница; возраст на пациентот; дали имаат дополнителни состојби кои може да предизвикаат проблем и сл. Овие детали пациентот не може точно да ги знае освен ако претходно направил ваков преглед. Затоа што овој преглед е толку детален, истиот е гаранција за успехот на интервенцијата – од кое најмногу се плашат пациентите. За полесно да сфатат која промена ги очекува нашите офталмолози може да направат и симулација на видот кој ќе го добијат пациентите по интервенцијата за точно да знаат што ги очекува.“
Ако сте кандидат за оваа интервенција, одлично за вас. Втор чекор е интервенцијата.
Ласерската корекција на диоптрија ја имаат направено и многу славни личности како Бред Пит, Тејлор Сфит, Никол Кидман и сл., кои ако размислиме доколку постоеле посериозни можни компликации од оваа интервенција сигурно не би се нафатиле.
Од Систина Офталмологија велат дека интервенцијата е толку брза што пациентите секојпат коментираат дека само што влегле во операционата сала додека се свестат тие веќе завршиле со интервенцијата.
„На денот на интервенцијата уште еднаш се прави проверка на видот и се разговара со пациентот за неговата одлука. Секогаш ја имаме предвид и емоционалната состојба на пациентите и нивните барања и стравови, бидејќи сепак иако за нас во Систина Офталмологија оваа интервенција е рутинска, на пациентот му е прв пат. Сакаме да бидат сигурни во својата одлука, да знаат дека се во сигурни раце и дека ние сме тука за нив.“
Кога ќе сте во сала, може ќе се изненадите, но вие сте свесни и разговарате со офталмологот додека се одвива интервенцијата. Не чувствувате болка бидејќи претходно ви се ставаат анестетски капки и ви се објаснува што се случува за да бидете во тек.
Интервенцијата завршила додека се свестите од возбуда и си одите дома само со очила за сонце.
Следен чекор е да одмарате и да не ги триете очите на денот по интервенцијата и да ги следите насоките на офталмологот. Следниот ден имате задолжителна контрола и потоа за неколку дена зависно како ќе се договорите со офталмологот.
Возрасната граница за оваа интервенција е од 18 до 40 години, доста ретки се случаите да се направи над таа возраст. Систина Офталмологија препорачува друг тип на метода за корекција на диоптрија со вградување на посебни леќи во тие случаи.
„За секој пациент е најважно да се избере метода која ќе ги исполни неговите очекувања, која воедно треба да е и медицински поткрепена. 99% од нашите пациенти секогаш велат дека се каат што порано не се одлучиле за ласерската корекција на диоптрија.“
Животот е премногу краток да го ставите на пауза поради било која причина, но особено поради заматен вид бидејќи само 10 минути ве делат од јасен вид. Четвртиот чекор е ако се одлучите за ласерската корекција на диоптрија да се обратите во очна болница која има долгогодишно искуство и голем број на извршени интевенции за да бидете сигурни дека вашата очна состојба ќе биде точно дијагностицирана и решена, и дека интервенцијата ќе биде успешна.
Отворени огласи за вработување:

Триесетина казни во Гостивар и Тетово за возачи кои не пропуштале пешаци

Патријархот Порфириј упати Томос за афтокефалност на МПЦ-ОА во Вселенската патријаршија

Чистка во Интер, заминуваат 13 играчи

Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Шест месеци научници напојувале компјутер со помош на алги

Куче скитник нападнало гостиварец

ЗНМ, СЕММ, ССНM: Владата со народни пари фаворизира одредени медиуми

СЗО: Мајмунските сипаници во развиените земји веројатно се ширеле на две забави преку секс

Нападнат малолетник во гостиварско Чегране

Комисијата за заразни болести во среда ќе расправа за состојбата со мајмунските сипаници

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Заврши сезоната за КК Гостивар, годинава на 5-тата позиција

Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Завршил во ПС Гостивар поради закани кон сестрите и внуката

Почина Петар Илоски, еден од втемелувачите на гостиварската кошарка

Техничкото училиште во Гостивар се презентира пред полуматурантите

Ботанички градини во две училишта во Гостивар, децата со љубов одгледуваат билки и зеленчук

Бизнис саем во Гостивар, учествуваат 20-тина компании

Лукаревска во посета на гостиварската фирма Прогрес 1998

74 граѓани на прелиминарната листа за социјален стан во Гостивар

Почна градба на нов објект на градинка во Гостивар

Свеченост за матурантите во економското училиште во Гостивар: Ни го покажавте патот, предизвикот е наш!

КК Гостивар казнет со 165.000 денари, два натпревари без публика и суспензија на стручниот штаб

Емотивна средба во гимназијата во Гостивар-Прослава на 55 години матура

МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

2МФЛ: ФК Гостивар го шокираше Вардар совладувајќи го 2-1

Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење

Гостиварското основно музичко училиште прослави патронат

Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?

Гостивар порача: Не сте сами!-Поддршка за жените во борбата против рак

Храбриот Гостивар немаше доволно сили за целосен шок – Победа на МЗТ 87-85 (фото)
ДНЕВЕН БРИФИНГ НА ВЕСТИ
Внесете ја вашата електронска пошта и добивајте ги најважните дневни вести на Gostivarpress.mk секој ден во 20 часот.
Ви благодариме!
Вашата електронска пошта е додадена.
Популарно изминативе 100 дена
- Македонијапред 1 месец
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Гостиварпред 3 месеци
Патарини: Над 1.000 евра една година Гостивар – Скопје одење и враќање
- Гостиварпред 3 месеци
Во Здуње уапсен 29 годишник кој си ја нападнал девојката
- Гостиварпред 3 месеци
Во Гостивар ќе се постави спомен плоча на загинатите во несреќата од 13 февруари
- Гостиварпред 3 месеци
Ќе се обновува фасадата на ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар
- Македонијапред 2 месеци
Православните христијани одбележуваат празник Тодорова сабота
- Македонијапред 2 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиварпред 2 месеци
Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?