Гостивар
На Инфективната клиника почина 36 годишник од гостиварско

Министерството за здравство информира дека денеска на Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 36 години од регионот на Гостивар, кој освен обезност немал други коморбидитети, но неговата клиничка слика била тешка.
Лицето, жител на село од територијата на Општина Врапчиште беше потврден како заболен со коронавирус минатата недела и веднаш транспортиран на клиниката.
Во денешната евиденција на институтот на починати од КОВИД-19 ќе биде заведен и пациент од Скопје кој бил на возраст од 25 години. Починал на 23 април, а неговиот втор-постмортем позитивен резултат пристигнал утрово. Пациентот имал Даунов синдром, бил хоспитализиран на 20 април со тешка клиничка слика и наод бронхопневмонија.
Денес во земјава потврден е 41 нов случај на КОВИД-19 и тоа во:
– Скопје 17
– Куманово 8
– Прилеп 8
– Тетово 4
– Струга 1
– Велес 2
– Битола 1
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја изнесува 1367 лица.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022